Светски познатата актерка Гал Гадот се породи синоќа и на свет донесе прекрасно девојче.
Ѕвездата на филмот „Wonder Woman“, Гал Гадот се породи синоќа и роди девојче, а својата среќа ја сподели со обожавателите преку Инстаграм.
Во оваа прилика Гал откри дека на својата ќерка и го дала името Ори.
„Моја мила девојка, добредојде! Бременоста не беше лесна, но успеавме. Ти внесе толку многу светлина во нашите животи, верна на твоето име, Ори, што на хебрејски значи „моја светлина“. Нашите срца се полни со благодарност“, напиша убавата 38-годишна девојка.
„Добредојде во куќа полна со девојки. И тато е прилично кул“, додаде таа со шеговит тон.
View this post on Instagram
Инаку, познатата актерка и поранешна мисица е во брак со филмскиот продуцент Јарон Варсан од 2008 година. Ори е нивното четврто дете, а покрај неа парот има уште три ќерки Алма, Маја и Даниела.
Гал инаку е позната по актерските улоги во филмовите „Wonder Woman“, „Hell Street 4“, „Batman v Superman: Dawn of Justice“ и „Murder on the Nile“, а оваа убавица и поранешна мисица беше на врвот на листата на најплатени актерки со години во светот.