
Лао Це е еден од најпознатите кинески филозофи и од него можеме да научиме многу просветителски животни лекции. Тој е автор на делото „Тао Те Чинг“ и основач на таоизмот. Тој бил централна фигура во Кина.
„Ако сфатите дека сè е подложно на промени, нема да се обидувате да се држите цврсто за ништо. Ако не се плашите од умирање, нема ништо што не можете да постигнете“.
„Во центарот на вашето битие лежи одговорот на сите прашања; знаете кои сте и што сакате“.
„Познавањето на другите е знак на интелигенција; познавањето на себеси е знак на вистинска мудрост. Владеењето над другите е сила; самосовладувањето е вистинска моќ“.
„Кога ќе се ослободам од она што сум, станувам она што би можел да бидам“.
„Ако сакате да станете целина, дозволете си да бидете нецелосни. Ако сакате да бидете во право, дозволете си да грешите. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си да бидете празни“.
„Имате ли доволно трпение да чекате да се смири калта и да се исчисти водата? Можете ли да се воздржите додека не се покаже вистинскиот чекор?“
„Оној што се дефинира себеси никогаш нема да знае кој е тој навистина“.
„Оној што има моќ над другите нема моќ над себе“.
„Оној што се обидува да блесне ја затемнува сопствената светлина“.
„Довербата доаѓа од добри зборови. Од добрите мисли произлегува духовноста. Од љубезноста на давање доаѓа љубовта“.
„Да се биде длабоко сакан дава сила, а да се сака некого длабоко дава храброст“.
„Ако се грижите за одобрувањето на другите, вие сте нивни затвореник“.
„Ако сте задоволни со тоа што сте без да се натпреварувате и да се споредувате со другите, сите ќе ве почитуваат“.
„Мудар е оној кој го знае она што не го знае“.
„Се што тече на крајот се влева во морето бидејќи е на помала надморска височина. Неговата моќ е во неговото смирение“.
„Новите почетоци често се маскирани како болни завршетоци.“