Имунитетот пред се: Супа со зеленчук, полна со витамини, за повеќе енергија

popara12 март, 20241min00
Супа со Зеленчук

Има бројни предности: ни помага да ослабеме, но е и докажан сојузник во борбата против вирусите и настинките.

Супата нè лекува, но не потсетува и на времињата кога сите јадевме како семејство, што особено денес е исклучително скапоцено. Супата има бројни предности: ни помага да ослабеме, но е и докажан сојузник во борбата против вирусите и настинките. Можете да ja јадете како предјадење, но и како главен оброк.

Состојки:
-2 главици кромид
-1/2 корен од целер
-2 моркови
-125 гр спанаќ
-1 лажица маргарин
-2 свежи колбаси
-1  коцка за супа измешана во 1 литар вода
-1 китка свеж зеленчук (магдонос, копар, млад кромид)
-1 чаша грашок
-сол
Подготовка:
Целерот, кромидот и морковот излупете ги и исечкајте ги на поголеми коцки. Измијте го спанаќот и исечете го на долгнавести парчиња. Во тенџере растопете го маргаринот и додадете го зеленчукот, па кратко динстајте (околу 5 минути). Истурете ја супата во зеленчукот и варете уште 15 минути. Измијте ги магдоносот копарот целото зеленило, исецкајте го колбасот на ситни парченца,посолете, па направете помали кнедли. Ставете ги во супата од зеленчук, заедно со грашокот и варете додека кнедлите не излезат на површина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag