Се шушка дека таа е љубовница на Вилијам: Дали фаталната маркиза е виновна за исчезнувањето на Кејт Мидлтон?

popara14 март, 20241min00
80448_markiza-profimedia-0774386889_f

Целиот свет деновиве го интересира што се случува со Кејт Мидлтон. Во британската јавност се уште се расправа каде исчезна и зошто не се појавува во јавноста, а масло на огнот долеа и објавената фотографија со децата за која некои тврдат дека е фотомонтажа. Кејт проговори за тоа и напиша дека ја уредила фотографијата и затоа има пропусти.

Сега се појави неверојатна теорија која вели дека повлекувањето на Кејт од јавноста е всушност виновна љубовницата на принцот Вилијам, убавата маркиза од Шолмондели, Сара Роуз Хенбери, која пред некој ден беше видена во автомобил со принцот.

Како што веќе беше напишано, двајцата беа видени на вечера во 2019 година, а некои британски медиуми објавија дека дури и Денот на вљубените го поминале заедно!

markiza

По операцијата на желудникот во јануари, Кејт повеќе не се гледаше во јавноста, а во меѓувреме се појавија разни теории.

Меѓутоа, во понеделникот, фотографите конечно ја фатија Кејт како го напушта замокот Виндзор со нејзиниот сопруг Вилијам. Нејзината глава беше свртена на страна, а камерите не и го фатија лицето, па на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории бидејќи е многу необично Кејт одеднаш да ги избегнува фотографите.

Еден корисник на „Х“ веднаш коментирал: „Тоа не е Кејт Мидлтон во автомобилот. Таа никогаш не бегала од камерите. Дури и кога чекаше десет години Вилијам да ја запроси. Тоа е Роуз Хенбери, љубовницата на Вилијам“.

Приказните за нивната афера започнаа уште во 2019 година, кога принцот и Роуз Ханбери, која е блиска пријателка на Кејт, беа видени на романтична вечера. Сепак, тие гласини ги прекинаа Кејт и Сара, кога се забавуваа заедно на музички фестивал во Норфолк минатиот август.

Инаку, леди Сара Роуз Ханбери припаѓа на угледната англиска аристократија, а некогаш била модел, а се занимавала и со политички истражувања. Таа има 39 години, мажена е и три деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag