Секој човек на возраст над 30 години има во просек по 20 бенки на телото, дека нивниот број може да се зголемува со возраста и склоноста кон бенки е наследна…
Можат да се појават насекаде на кожата на телото и што е најважно тие се бенигни – кружни промени на кожата со потемна боја. Појавата на бенки, покрај наследноста, е правопропорционална со изложувањето на сонце и УВ зраци, односно колку повеќе се изложувате на сонце и се сончате без заштитни фактори, толку повеќе бенки ќе имате, велат докторите. Откријте како да ги препознаете опасните, како и што да направите за да ја спречите појавата на бенки, но и нивното преминување од бенигни во малигни.
Кога бенките се опасни?
Бенигните бенки се генерално кружни по форма, со иста боја на целата површина, со јасни и ограничени рабови. Тие не се зголемуваат и не ја менуваат формата.
Од друга страна, опасните бенки имаат:
- Нерамни рабови (изгребани, назабени)
- Поголеми се од 6 милиметри во дијаметар
- Имаат неколку различни бои на нив
- Може да крварат, болат или чешаат
- Можат да бидат покриени со краста
Подобро да се спречи
Што треба да направите за да ја спречите појавата на бенки, но и нивното преминување од бенигни во малигни?
– Најпрво избегнувајте сончање, а ако веќе одите на море задолжително нанесувајте фактори за заштита од сонце над 30. Посебно треба да се грижите за децата и да ги применувате овие заштитни фактори на нив уште од мали нозе, бидејќи кожата се штити од мали нозе, колку повеќе се на сонце, толку повеќе бенки имаат подоцна. Избегнувајте солариуми, бидејќи тие се главниот и значаен извор на УВ зраци – советуваат докторите.
Прегледајте се еднаш на секои три месеци, а ако имате повеќе од 30 бенки на телото, мора еднаш годишно да посетувате дерматолог на преглед.
Ако случајно повредите бенка или се сомневате дека некоја од бенките почнала да се менува, не двоумете се да отидете на дерматолог. Не е нешто што ќе помине само од себе. Тие можат да се претворат во малигни тумори на кожата и нивното навремено отстранување е главен метод на лекување – предупредува д-р Иван Ѓуриќ.