КОКОС ТОПЧИЊА ПОЛНЕТИ СО КРЕМ: Готови за минута, а уште побрзо ќе се изедат

popara15 март, 20241min00
80351_shutterstock-131597408_f

Потребно е:

100 гр маргарин
200 гр шеќер
100 гр чоколадо
2 dl вода
100 гр кокос
250 гр мелени бисквити
300 гр крем од лешник

Напомена: Ќе добиете околу 50 топчиња од наведената количина.

Подготовка:

Во тенџере на тивок оган растопете ги маргаринот, водата, шеќерот и чоколадото. Тргнете од оган и додадете мелени бисквити и кокос и соединете. Оставете да се излади и да се стегне, па со раце формирајте топчиња и валкајте ги во кокос. Направете вдлабнатина во топчето со прст и наполнете со крем од лешник. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag