Колку кафе пиете во денот? Ова се симптомите на труење со кофеин и колку шолји се премногу

popara16 март, 20241min00
Screenshot_8

Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот.

 

 

 

 

Експертите велат дека консумирањето кафе во умерени количини може да има добри ефекти врз здравјето, што покажуваат научните студии, но од друга страна, во случај на прекумерно консумирање, може да се развие зависност од кофеин.

 

Зависноста се смета за секојдневно консумирање кофеин во прекумерни количини – толку многу што има негативни последици врз социјалните интеракции, здравјето и другите сфери на животот.

 

Ако кафето се пие во големи количини, кофеинот може негативно да влијае на срцето, да се зголеми крвниот притисок, а еве кои се другите последици кои можат да настанат:

 

  • Несоница

 

  • Анксиозност

 

  • Дигестивни проблеми

 

Кофеинот, исто така, може да ги влоши некои веќе постоечки симптоми на мочниот меур и дебелото црево.

 

Повеќето луѓе ќе треба да консумираат доста кофеин за да искусат какви било негативни ефекти – четири до пет шолји кафе на ден се прифатливи, но се зависи од тоа колку сте чувствителни на кофеин.

 

„Истражувањата покажуваат дека оваа количина на кофеин не треба да биде штетна за здравјето на срцето, нивото на холестерол или отчукувањата на срцето“, вели Викторија Тејлор од Британската асоцијација за срце.

 

Од друга страна, консумирањето на кофеин во умерени количини, велат лекарите, штити од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, заболување на црниот дроб, срцев и мозочен удар, па затоа нема причина да се откажете од уживањето во шолја омилен пијалок, напротив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag