Појава на модрици без причина: Доктор открива кои се најчестите причини за појави на сини флеки

popara17 март, 20241min00
81075_zena-shutterstock-2223482287_f

Модринки се јавуваат кога крвните садови под кожата се повредени, најчесто со удар. Но, кај некои луѓе може да настанат без повреди, најчесто на нозете, рацете и стомакот. Кои се најчестите причини за тоа, објасни доктор Кори Фишер, од американската клиника „Кливленд“.

Последица на некои лекови

Може да се појават модринки кога често земате средства за разредување на крвта како бруфен или аспирин. Тие се предизвикани и од разредувачи на крв и третман на срцева аритмија. Некои антидепресиви влијаат на тромбоцитите, кои се важни за згрутчување на крвта. Кортикостероидите кои се користат за лекување на кожни состојби може да ја разредуваат кожата и да ја направат повеќе склона кон модринки.

Претерувате со витамините

Не за џабе на сите пакувања за додатоци во исхраната стои дека треба да се консултирате со лекар пред да ги земете. Таблетите кои содржат лук, ѓумбир, гинко, женшен, омега 3 киселини и витамин Е може да предизвикаат модринки на телото бидејќи влијаат на тромбоцитите и згрутчувањето на крвта.

Ги има повеќе во подоцнежните години

По 60-тата година полесно се појавуваат модринки, бидејќи кожата со возраста станува потенка, а крвните садови се почувствителни. Покрај тоа, под кожата има помалку маснотии и колаген, кои ги штитат крвните садови од оштетување.

Кога треба да посетите лекар?

Ако често модрици без причина, задолжително посетете лекар. Иако повеќето модринки не се опасни, некои може да бидат резултат на нарушување на крвта. Ако не исчезнат по три недели, се појавуваат на истите места, имате висока температура, ноќе се потите, лимфните јазли ви се отечени – задолжително посетете лекар, советува д-р Фишер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag