Фиона, позната тиктокерка, објави видео во кое тврди дека постои начин да се препознае верноста на мажот во врската.
Видеото брзо предизвика жестоки дискусии; додека некои корисници тврдеа дека Фиона совршено одговара на нивното искуство, други беа скептични, сугерирајќи дека Фиона ги опишува повеќето мажи. Видеото набрзо стана вирално, а Фиона наведе два специфични знаци кои покажуваат дека мажот е склон кон прељуба.
„Според моето искуство, прељубниците имаат профил на Инстаграм и следат многу жени кои не ги познаваат, особено оние кои се занимаваат со фитнес. Ако видам дека следи многу жени од фитнес индустријата, тоа ми сигнализира дека тој е неверен“, објасни Фиона.
„Исто така, ако мажот ја следи секоја жена што некогаш ќе ја запознае, како келнерка, и има навика да следи „обични“ жени во голем број, мислам дека покажува склоност кон неверство“, додава таа.
Реакциите на жените за нејзиното видео беа различни, а многумина потврдија дека нивните партнери покажале слично однесување. Се истакнаа коментарите како „Ова е вистината“, „Да знаев порано“, „Мојот поранешен го правеше истото“, „Секој маж што сум го сретнал го прави ова“. Сепак, некои не се согласуваат со теоријата на Фиона. Еден корисник напиша: „Треба повеќе да се плашите од мажи кои воопшто немаат профили на социјалните мрежи“, додека друг додал: „Мојот бивш имаше само профил на Редит и таму ме изневеруваше“.