Легендарната пејачка Селин Дион се огласи преку Инстаграм, по повод Меѓународниот ден на подигање на свеста за синдромот на вкочанета личност, од кој и самата боледува, а поради кој го откажа европскиот дел од турнејата наречена „Courage“.
Светската уметница со раскошен глас Селин Дион на својот Инстаграм профил објави фотографија со трите сина, а со пораката успеа да го трогне целиот свет.
View this post on Instagram
– Како што многумина од вас знаат, ми беше дијагностициран синдром на вкочанета личност есента 2022 година. Обидот да го надминам ова автоимуно нарушување беше едно од најтешките искуства во мојот живот, но сепак сум решена еден ден да се вратам на сцената и да живеам што е можно понормален живот. Длабоко сум благодарна за љубовта и поддршката на моите деца, семејството, тимот и сите вас – рече музичката легенда и додаде:
– Сакам да испратам поддршка до сите ширум светот кои се погодени од оваа болест. Сакам да знаеш дека можеш да го направиш тоа! Можеме да го сториме тоа! Со љубов Селин – заклучи на крајот пејачката под емотивната објава која многумина ја коментираа и лајкнаа.