Имунитетот „живее“ во нашиот стомак: Откриена тајната на долгиот живот

popara18 март, 20241min00
Имунитет

Новото истражување на научниците од Универзитетот Мекгил открива дека бактериите во цревата имаат големо влијание врз здравјето. Толку многу што можат дури и да ни го продолжат животот.

Истражувачите создале симбиотик, комбинација од одредени пробиотици, а потоа им го дале на винските мушички, кои потоа живееле до 66 дена – 26 дена подолго од мувите без симбиотик. Тие, исто така, покажаа намалени знаци на стареење, како отпорност на воспаление или оксидативен стрес.

„Пробиотиците значително влијаат на својствата на цревната микрофлора. Тие го обликуваат не само неговиот состав, туку и начинот на кој се метаболизира храната што ја јадеме“, вели Сатја Пракаш, професор по биомедицинско инженерство и главен автор на студијата.

Патем, овошните мушички се неверојатно слични на цицачите, а нивните биохемиски патишта имаат околу 70 отсто сличност со нашите и се добар показател за претпоставки за тоа што би можело да се случи кај луѓето во таква ситуација, додава Пракаш.

„Ефектот што би го добиле кај луѓето нема да биде толку драматичен, но сепак би ја зголемил должината и квалитетот на животот.

 

 

 

Овие три намирници се меѓу оние кои го продолжуваат животот:

Црвено вино
Ресвератролот е соединение во црвеното вино кое доаѓа од кората на грозјето и му дава боја на ова овошје. Неодамна, научниците открија дека ресвератролот ја зголемува активноста на специфичните гени наречени сиртуини кои штитат од стареење преку стимулирање на митохондриите, малите батерии во нашите клетки.

Алкохолот може да ни помогне да живееме подолго со заштита на нашата ДНК од оштетување. Истражувачите открија дека должината на нашите теломери (нишките на ДНК на краевите на хромозомите) одредува колку долго ќе живееме. Една неодамнешна студија покажа дека додека кофеинот ги скратува теломерите, алкохолот ги продолжува. Секако, клучот е да го консумирате умерено.

Јогурт
Бактериите кои живеат во нашиот стомак секојдневно добиваат се поголемо значење во медицината. И тоа е затоа што постои специфична врска помеѓу нашата цревна флора и имунолошкиот систем. Всушност, истражувачите сега веруваат дека имунолошкиот систем „живее“ во нашиот стомак.

Сега научниците тестираат дали одредени видови на пробиотици можат да го продолжат нашиот животен век. Тие откриле дека глувците кои биле хранети со пробиотикот Bifidobacterium animalis lactis живеат подолго и се поздрави од глувците кои не биле.

За да бидете сигурни дека го консумирате вистинскиот тип на пробиотици, проверете го пакувањето за да видите дали јогуртот што го избравте содржи бифидобактерии или можете да размислите за додаток во исхраната во форма на пробиотици.

Цреши
Полифенолите се молекули кои се наоѓаат во црешите кои ги штитат од ултравиолетово зрачење и инфекции. Истражувањата потврдија дека оваа молекула ги штити луѓето на ист начин. Имено, доколку консумирате 650 мг полифеноли дневно, ќе живеете подолго од оние кои добиваат помалку од тоа.

Во една порција, црешите содржат 1.200 mg полифеноли, боровинките 700 mg, а модар патлиџан околу 1.500 mg по порција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag