Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис минатиот викенд на социјалните мрежи открила дека ѝ е дијагностициран аутизам. Познатиот актер, пак, долго време се бори со афазија и фронтотемпорална деменција.
Веста дека ѝ е дијагностициран аутизам ја соопштила на „Instagram“, заедно со видео од премиерата на филмот на Брус Вилис, „The Whole Ten Yards“, во кој глумела кога како 10-годишно девојче.
„Кажи ми дека си аутистичен без да ми кажеш дека си аутистичен. Ова е всушност првпат јавно да ја споделам мојата дијагноза. За тоа дознав минатото лето и сознанието ми го промени животот“, напишала Талула Вилис.
Ќерката на познатите актери претходно зборувала за дисморфијата и нарушувањето во исхраната, како и за нејзината дијагноза АДХД (нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание). Како што изјавила за „Vogue“ во 2023 година, таа од 2019 година се борела со анорексијата. На 25-годишна возраст таа била сместена во установа во Малибу како би се изборила со нарушувањето на исхраната и депресијата.
„Во најголем дел тоа беше терапевтско искуство, за првпат ја победив 15-годишната девојка која не ми одговараше, грдото пајче. Исто така, ми беше дијагностициран АДХД и почнав да земам лекови за стимулирање.
За првпат се почувствував паметно, но исто така почнав и да уживам во несаканите ефекти на лековите кои намалуваат апетит“, раскажала истакнувајќи: „Терапевтот за нарушување во исхраната подоцна ми говореше: ’колку си послаб, толку се чувствуваш поголем‘ (со цел да ми го опише начинот на размислување на луѓето кои се во замката на анорексијата). Колку е тоа налудничаво?“.
Семејството на Брус Вилис во 2022 година објавило дека актерот боледува од афазија, минатата година било кажано дека страда од фронтотемпорална деменција.
Актерот ќерката Талула ја доби во бракот со Деми Мур, со која ги има и ќерките Скаут и Румер. Во бракот со сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис ги добил ќерките Евелин и Мејбел.