Ви треба брз, лесен и евтин начин да ја исчистите вашата микробранова печка од мрснотиите? Тогаш одговорот лежи во чудесниот лимон. Сè што ви треба е половина лимон и 300 милилитри вода, а постапката е многу едноставна.
- Во еден сад ставете ја водата и исцедете половина лимон. Убаво измешајте ги.
- Потоа садот ставете го во микробрановата печка и пуштете ја на најсилно.
- Наместете да се врти 5-10 минути.
Откако ќе пројде времето, ќе забележите дека благодарение на пареата, мрснотијата од ѕидовите на микробрановата е стопена. Потоа, земете памучна крпа и целосно пребришете ја внатрешноста на микробрановата печка.