Мажите често се жалат на жените дека изгледаат поинаку без шминка, но тие се сосема други луѓе со и без брада.
Пример за тоа сега е Бен Афлек. Актерот бил на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес со сопругата Џенифер Лопез.
Тој ги привлече сите погледи со својот нов имиџ. Бен ја избричил својата заштитна бујна брада, оставајќи ги фановите ширум светот разочарани. „Драг Бен, што си направил со лицето?“, „Не личиш на себе“, пишуваат на социјалните мрежи.