Актерката Мег Рајан одлучи да престане со пластичните операции.
На групната фотографија на која беше вклучен Мајкл Џеј Фокс, актерката покажа кожа без брчки со истакнати усни. Наскоро, интернетот беше преплавен со коментари со шпекулации за нејзината пластична операција, што Рајан секогаш го негираше.
Сега, една година подоцна, на Оскарите во 2024 година, ѕвездата изгледаше сосема поинаку и беше пофалена што почна природно да старее.
Ѕвездата (62) ги маѓепса присутните на забавата после Оскарите 2024 додека блескаше во фустан без ракави со златни и сребрени цветни дизајни.
Обожавателите побрзаа да ја пофалат актерката и истакнаа дека Рајан почнала да „старее природно“.
“Изгледа одлично! Имаше премногу ботокс едно време, особено филерите… Мило ми е што штетата не беше трајна“, забележаа фановите.