Се разведе Аријана Гранде! На бившиот сопруг морала да му плати повеќе од милион долари

popara21 март, 20241min00
Screenshot_6

Пејачката Аријана Гранде и нејзиниот поранешен сопруг Далтон Гомез официјално се разведоа.

 

 

 

 

Аријана и Далтон се спогодија околу разводот уште во октомври 2023 година, но морале да чекаат шест месеци пред да стапи на сила одлуката на судот.

 

Пејачката сега треба да му плати на поранешниот сопруг 1,25 милиони долари одеднаш. Исто така, Аријана се согласила да му даде на Далтон половина од заработката од продажбата на нивниот дом во Лос Анџелес. Таа ќе ги плати и трошоците за неговиот адвокат кои изнесуваат 25.000 долари.

 

„Page Six“ претходно потврди дека Гранде и Гомез потпишале предбрачен договор. Инаку, парот се запозна во 2020 година, а неколку месеци подоцна ја потврдија врската во спотот на Џастин Бибер за песната „Stuck With U“. Се верија во декември истата година, а се венчаа во 2021 година.

 

Парот поднесе барање за развод во септември 2023 година. Во тоа време, извор изјави за „Page Six“ дека заеднички ја донеле таквата одлука.

 

„Имаа проблеми пред јануари, но сакаат да останат најдобри пријатели“, рече изворот тогаш.

 

Не помина долго, а пејачката започна врска со колегата Итан Слејтер, кој подоцна се разведе од сопругата Лили Џеј со која минатата година доби син.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag