Прв поглед на новите љубовни интриги од лондонското високо општество

popara22 март, 20241min00
o_32741609_1280

По двегодишна пауза, љубовните заплети, драми и интриги од лондонското високо општество на почетокот на 19 век се враќаат на малите екрани во третата сезона на една од најпопуларните серии „Бриџертон“. Паузата беше долга, според многумина, предолга, а стриминг платформата Нетфликс штотуку го објави првиот тизер за сезоната, кој ќе се прикажува во два дела – првиот пристигнува на 16 мај, а вториот на 13 јуни.

Тизерот започнува со настаните на балот каде лордот Ентони ја придружувал својата сестра Франческа, која бара од него да ја остави на мира. Ентони ја користи неочекуваната прилика да им се придружи на неговата мајка Лејди Вајолет Бриџертон и неговата сопруга Кејт, која ја замолува да танцува, по што тие споделуваат страстен бакнеж.

А што следува, ќе дознаеме кога ќе почне да се емитува третата сезона. Како што е познато, заплетот на серијата следи осум браќа и сестри од семејството Бриџертон кои се обидуваат да најдат љубов и среќа меѓу лондонската елита. Првата сезона се фокусираше на ликот на Дафне Бриџертон (Фиби Диневор), втората сезона се фокусираше на нејзиниот брат Лорд Ентони (Џонатан Бејли), а заплетот на третата сезона се базира на романот на писателката Џулија Квин „Romancing Mister Bridgerton“, кој се фокусира на желбата на Пенелопе Федерингтон да стане независна и да го најде мажот на нејзиниот живот.

image

Прашањето на сите прашања е дали Колин Бриџертон од летниот одмор се враќа одморен и освежен и благодарение на тоа станува уште попосакуван и попопуларен во општеството. Во секој случај, на гледачите нема да им биде воопшто досадно.

image

Во улогите на Пенелопе и Колин се уште ги гледаме Никола Кофлан и Лук Њутн, а Франческа Бриџертон сега ја игра англиската актерка Хана Дод, која на сетот ја замени колешката Руби Стоукс. Паузата ѝ беше предолга, а во меѓувреме прифати и други улоги. За жал на многу женски обожаватели, оваа сезона нема да ни донесе враќање на впечатливиот војвода од Хестингс, кој го игра Реџе-Жан Пејџ, а актерката Фиби Диневор, која остана запаметена по улогата на Дафне Бриџертон, го напушти „Бриџертон“ по две сезони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag