Кога се прават кардио вежби – пред или после кревање тегови? Одговорот е повеќе од логичен

popara25 март, 20241min00
shutterstock1052367857-830x0

На момците во теретана веројатно инструкторот им кажал дека треба да изберат помеѓу кардио тренинг или кревање тегови, а тие најчесто го избираат второто. Се мислеше дека едното го исклучува другото, но вистината е многу поинаква.

Истражувањата покажаа дека инкорпорирањето на кардио за време на тренингот со тегови може да ја зголеми издржливоста со тоа што ќе ви помогне да изведувате повеќе вежби за време на тренингот. На пример, аеробните спортисти како што се велосипедистите, веслачите итн., кои вклучуваат кревање тегови во нивниот тренинг може да очекуваат да видат подобрувања во брзината и силата, како и во издржливоста. Значи, без оглед на тоа што е вашиот фокус на тренингот, треба да се запрашате како тој тренинг треба да се изведува најефективно, односно дали треба да вежбате кардио пред или по кревање тегови.

Одговорот зависи од повеќе фактори, но најмногу од вашата состојба, искуството во теретана и колку време сакате и можете да посветите на вежбање секој ден. Меѓутоа, доколку барате општо правило кога да правите едно, а потоа друго на еден тренинг, одговорот е следен – прво кревајте тегови, а потоа посветете се на кардио вежбите, пишува „Men’s health“.

Зошто теговите треба да бидат пред кардио?

Тренингот за сила обично вклучува надворешно оптеретување (на пр. со мрена, тегови, ленти итн.) и затоа има поакутен ризик од повреда. Ако пред тоа вежбате кардио, ќе ги заморите мускулите и само ќе го зголемите тој ризик. Накратко, нема да можете да ја подигнете тежината што ја сакате и да изведувате онолку повторувања колку што можете. Ако планирате да кревате тегови, треба да ги одморите мускулите за да го направите тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag