Минатата година беше дефинитивно една од најдобрите во животот на Џереми Ален Вајт. Американскиот актер, кој се истакна во улогата на готвачот Карми во хит серијата „The Bear“ и поради таа улога ја воодушеви и публиката и критиката и „собра“ бројни награди, но стана и предмет на желба на многу жени. . Имено, минатата година сними кампања за долната облека на Келвин Клајн, која особено ја воодушеви женската публика. И додека моментално во Чикаго снима нови епизоди од хит серијата „The Bear“, веќе размислува за нови проекти. Така американските медиуми објавија дека Џереми е во преговори да ја одигра главната улога во биографскиот филм на еден од најголемите музичари на сите времиња, Брус Спрингстин. Џереми на тој начин треба да зачекори во улогата на легендарниот „the Boss“.
Филмот, кој моментално го носи работен наслов „Deliver Me From Nowhere“, всушност е екранизација на книгата на Ворен Зејнс, која беше објавена минатата година. Во центарот на настаните е животот на Брус за време на создавањето на хит албумот „Nebraska“. Имено, станува збор за албумот кој легендарниот Спрингстин го напишал и го снимил во куќата која тогаш ја изнајмувал. Во филмот треба да дознаеме повеќе детали за животот на еден музичар кој и денес, во осмата деценија од животот, ги пали стадионите ширум светот, но и за неговата борба со сопствените демони. Брус пред неколку години призна дека со години се борел со депресија, која ја наследил од својот татко. „Deliver Me From Nowhere“ треба да го режира Скот Купер кој е познат по филмот „Crazy Heart“, а самиот Брус треба барем делумно да биде вклучен во филмот, а до кој степен ќе покаже времето. Се чини дека Џереми покрај талентот ги освои и продуцентите на филмот и со својот изглед, бидејќи наликува на познатиот музичар во неговите млади денови.
Кога филмот всушност ќе ја види светлината на денот, останува да видиме.