Американскиот стример Тајлер „Нинџа“ Блевинс откри дека му бил дијагностициран меланом, форма на рак на кожата.
32-годишниот играч на Fortnite изјавил дека бенката која му била извадена од стапалото е канцерогена, пренесува BBC.
Во својата објава на X, Нинџа рече дека дознал за ракот откако посетил дерматолог на годишен преглед на неговите бенки.
„Тоа беше бенка на моето стапало“, рече тој и додаде: „Се врати како меланом, но лекарите се оптимисти бидејќи го фативме во рана фаза“.
Alright I’m still in a bit of shock but want to keep you all updated. A few weeks ago I went in to a dermatologist for an annual skin/mole check that Jess proactively scheduled for me. There was a mole on the bottom of my foot that they wanted to remove just to be careful. It…
— Ninja (@Ninja) March 26, 2024
Меланомот е форма на рак на кожата кој може да се прошири на други делови од телото и обично е предизвикан од ултравиолетова светлина од сонцето.
Луѓето со бледа кожа, голем број бенки и семејна историја на рак на кожа се изложени на најголем ризик да заболат од оваа болест.
Најчесто се лекува со хируршка интервенција, но во случаи кога ракот се проширил може да се користи и хемотерапија.