Девојката на Леонардо ди Каприо, Виторија Черети, го заинтригира светот покажувајќи сребрен прстен на домалиот прст за време на ручекот во Лос Анџелес овој вторник.
Како што пишува „Daily Mail“, 49-годишната ѕвезда на „Titanic“ и 25-годишниот италијански супермодел вечерале заедно во ресторанот „Yuca“, а фотографите успеале да го уловат моментот кога Виторија нежно ја ставила раката на грбот на актерот и го открила масивниот сребрен прстен.
Иако славниот актер неодамна беше виден како интимно танцува со Тејана Тејлор, се чини дека сè уште е приврзан за Черети, и тоа уште од минатата година. Овој холивудски заводник, познат по својата склоност да излегува со жени помлади од 25 години, носел бела маица со кратки ракави, кратки панталони и црни патики. Интересни детали биле сивата маска за лице и црниот качкет со кои се обидел да го сокрие својот идентитет.
Што се однесува до Черети, таа за оваа пригода носела полупроѕирен црн џемпер под кој носела бела маичка. Споменатите парчиња облека, манекенката ги искомбинирала со сини фармерки и црн ремен. Нејзините кафеави прамени биле сплетени во две долги плетенки, а носела и пар црни очила за сонце.
Повеќепати беше истакнато дека Виторија, исто како и нејзиното познато момче, ја цени својата приватност и сака да ги чува социјалните мрежи како професионално портфолио, наместо да им дава на своите следбеници новости за нејзиниот приватен живот.
За потсетување, во септември беше потврдено дека Лео се гледа со манекенката Виторија откако претходно беа видени заедно на Ибица.
Тие заедно го прославија роденденот на актерот во ноември и беа забележани како се бакнуваат, а за Денот на благодарноста Лео го посети нејзиното семејство во Лондон. Пред Черети, Леонардо беше 4 години во врска со Камила Мороне, а раскинаа во 2022 година.