Крај на маратонскиот развод!? Бред Пит реши засекогаш да стави крај на односот со Анџелина

popara31 март, 20241min00

Повеќегодишната бракоразводна битка на Бред Пит и Анџелина Џоли конечно привршува. Како што пренесува „Дејли мејл“, актерот се откажал од барањето за заедничко старателство над нивните деца.

 

 

 

 

Изворот за „Дејли мејл“ изјавил дека парот, кој од 2016 година води битка за старателство во судот, моментално се во преговори и конечно се поблиску до ставање крај на правната драма.

 

Иако Бред првично бараше заедничко старателство над нивните деца, изворот сега тврди дека актерот повеќе не го бара тоа. Тоа значи дека Анџелина ќе го задржи старателството над децата, а тој ќе има право на посета.

 

Голем фактор во таа одлука е што некои од децата сега се возрасни. Медокс има 22, Пакс 20, а Захара 19. Но, Шајло (17), Нокс и Вивиен (15) сè уште се малолетни. Се верува дека постарите деца имаат лоши односи со Бред, и бидејќи тие се возрасни во очите на законот, тие повеќе не се опфатени со никакви договори за старателство.

 

Захара неодамна јавно се откажа од презимето на нејзиниот татко, а на Денот на таткото во 2020 година, Пакс го навреди Бред велејќи дека „ги тера неговите четири најмали деца да треперат од страв“.

 

Инаку, извор близок до Бред вели дека намерата на Анџелина била да го продолжи разводот додека децата не наполнат 18 години.

 

„Бред нема никој друг да обвинува освен себеси. Сè што сака Анџелина е да го излечи нивното семејство и да продолжат понатаму“, изјавиле пријателите на Анџелина.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag