Ѓумбирот е една од најмоќните билки и може да помогне кај некои чести проблеми.
Иако се произведува во Азија и потребни се до 10 месеци за жетва на еден корен, не е некаков проблем да го најдете во кој било дел од светот во текот на целата година.
Всушност, се повеќе експерти на дневна доза препорачуваат да користите по малку ѓумбир, особено во облик на топол чај.
Кои се придобивките од секојдневното пиење чај од ѓумбир?
- Може да ве заштити од срцеви заболуваања
Ѓумбирот е познат меѓу истражувачите по способноста да спречи болести на срцето. Некои предности од пиењето се: го намалува лошиот холестерол, го зголемува добриот холестерол и го снижува крвниот притисок.
- Може да помогне да ја контролирате тежината
Постојаното чувство на глад може да биде една од причините зошто не можете да ја контролирате вашата тежина, а пиењето чај од ѓумбир може да помогне во тоа. Истражувањата покажаа дека овој корен може да го намали гладот, како и внесувањето храна – прави да се чувствувате сити.
Освен чај, може да подготвите и напиток од ѓумбир за оваа намена. Во два литри вода додајте неколку парчиња краставица и 1 лимон. Додајте 1 лажица изрендан ѓумбир и 5-6 листови нане. Пијте го ова во текот на денот за да го намалите апетитот и да ги исчистите органите од токсини.
- Може да помогне во контрола на шеќерот во крвта
Некои истражувања открија дека е можно да се намалат компликациите од дијабетес за само 12 дена дневна консумација на ѓумбир. Чајот од ѓумбир помаѓа нивото на шеќерот во крвта да се одржи стабилно, дури и кај луѓето со дијабетес тип 2. Ова не значи дека треба на своја рака да почнете да пиете чај од ѓумбир, а да ги занемарите сите препораки на докторот и тоа што ви го препишал за дијабетес.
- Може да ја ублажи болката во колена
Ако јадете или пиете ѓумбир 6 месеци тоа може да резултира со значително помала болка за оние кои имаат артритис на колената.
- Помага при настинка
Чајот од ѓумбир ги ублажува симптомите на настинка. Подгответе си чај од половина лажичка рендан ѓумбир.
- Помага кај тегобите
Утринските тегоби или оние кои се јавуваат како последица на хемотерапија, можат да се ублажат со чај од ѓумбир. Ѓумбирот го забрзува празнењето на цревата.