На овие 4 знаци во хороскопот не им се „рамни“ ни шпанските серии – успеаваат да направат драма од секоја ситница.
Овие жени дефинитивно ја заслужуваат титулата кралици на драмата, а се подготвени да направат скандал штом вниманието од нив се тргне, па може да се расплачат и за скршен нокт.
Дали ќе се пронајдете?
Лав
Жените Лавици се горди и не дозволуваат да излезат од центарот на вниманието. Не смее никој да им ја одземе моќта ниту да го тргне вниманието од нив, па постојано се трудат да ја имаат контролата во раце по секоја цена. Подготвени се во секој момент да направат драма за да добијат внимание.
Рак
Жените родени во знак на Рак знаат да се справат со емоциите, но некогаш ги користат околносите за да се покажат како жртви. Мислат дека се принцези и сите треба да ги опсипуваат со прашања и постојано да се грижат за нив. Ако некој не го направи тоа, разочарувањето е огромно и драмата започнува. Подготвени се да направат скандал и од скршен нокт.
Стрелец
Жените Стрелци се најчесто позитивни и ентузијастични во секоја ситуација и не се драма кралици во негативна смисла. Напротив, тие го гледаат светот претерано позитивно, па драмата оди во таква насока. Сепак, некогаш знае да им прелие чашата па да направат скандал за ситница.
Водолија
Жените родени во овој знак изгледаат смирено и чекорат како целиот живот да им е совршен. Но, ако проценат дека во некоја ситуација тоа им одговара, можат да се расплачат во секунда дури и за најмала ситница кога околу себе имаат луѓе кои треба да го видат тоа.