Природна маска која ја затегнува кожата подобро од БОТОКС: Можете да ја направите дома

popara5 април, 20241min00
676 (94)

Eкспертите предложија маска која лесно и брзо можете да ја направите дома.

Станува збор за таканаречената „ботокс маска“ која ќе стане алтернатива на многу третмани во козметичките салони. Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на добро познатиот ботокс.

Оваа маска е сосема природна и наводно подобро ја затегнува кожата од ботоксот, тврдат експертите. Потребни состојки за оваа намена се една лажица густин, пет лажици свежо цеден сок од морков. Исцедете го во соковник или блендер, филтрирајте го низ цедалка.

Потребни ви се и една лажица кисело млеко и вода. Растворете го згуснувачот во половина чаша ладна вода, а потоа прелијте со 100 милилитри врела вода.

Потоа, ставете го на шпорет и варете на тивок оган додека не се згусне, па оставете ја смесата малку да се излади.

После тоа, додадете сок од морков и кисело млеко. Сè добро измешајте и маската е подготвена за употреба.

Исчистете го лицето, нанесете ја маската и оставете ја да отстои половина час, а потоа измијте ја со млака вода. Потоа нанесете хранлива крема на лицето, а преостанатата количина од маската ставете ја во фрижидер. За да го направите ефектот посилен, нанесете ја маската три ноќи по ред.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag