Потребно е:
2 поголеми модри патлиџани
4 компири
5 јајца
2 глави кромид
500 гр мелено месо
лажица сув билен зачин
сол, бибер
5 dl млеко
1 dl масло
200 гр брашно
Подготовка:
Излупете го патлиџанот, исечете го попречно на кришки, посолете го и оставете го да одмори. Изматете ги белките, додадете ја жолчката и секој лист модар патлиџан извалкајте го во брашно, па во јајца и пропржете. За филот пропржете го кромидот, додадете месо и зачини. Во подмачкан плех наредете ги пржените модри патлиџани, месото и ренданите компири. Изматете ги јајцата и млекото, прелијте ги на мусаката и печете 40 минути на 220 степени.