Ручек кој апсолутно сите го сакаат: Брза пита со спанаќ и сирење

popara8 април, 20241min00
1712235055-quiche-2468840_1920-750x500

Комбинацијата од лиснато тесто, млад спанаќ и сирење секогаш оди добро. Доколку сакате да подготвите нешто брзо и лесно за ручек, прочитајте го рецептот за вкусна пита со спанаќ кој е готов за само половина час, а ќе донесе насмевка на лицата на вашите најблиски.

Состојки:

Пакување готово лиснато тесто
500 гр спанаќ
200 гр крем сирење
100 гр фета сирење
100 гр рендана гауда
2 чешниња лук
1 јајце
Маслиново масло
Сусам
Жолчка + лажица павлака

Подготовка:

Свежиот спанаќ бланширајте го кратко. Потоа изладете го и исечете го на ситни парчиња.

На малку маслиново масло пропржете го ситно сечканиот лук, па додадете го спанаќот. Промешајте кратко и зачинете по желба.

Спанаќот тргнете го од оган и изладете го. Додадете крем сирење, рендано сирење и фета сирење и јајце и направете компактна смеса.

Готовото лиснато тесто наполнете го со смесата од спанаќ и сирење и свиткајте во ролна. Ролатот исечете го на парчиња со дебелина од две гради и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

На самиот крај измешајте ги жолчката и павлаката и премачкајте ги парчињата пита. По желба додадете сусам.

Се пече половина час во рерна загреана на 200 степени или додека не порумени.

Послужете топло или ладно со омилената пролетна салата.