Новиот мјузикл на Анџелина Џоли „The Outsiders“ сега е во фаза на претпремиера, па актерката се собра со колегите за да прослави. Со неа беше и ќерката Вивиен Џоли Пит (15), чиј татко е Бред Пит. Вивиен ретко се појавува во јавноста, а многумина останаа шокирани од тоа колку личи на нејзината славна мајка.
Анџелина и Вивиен работеа заедно на проектот бидејќи тинејџерката е заинтересирана за театар, рече нејзината мајка.
– Вив ме потсетува на мајка ми бидејќи таа не е фокусирана да биде во центарот на вниманието, туку да биде поддржувач на други креативци – рече Анџелина и додаде:
– Таа е многу внимателна и сериозна за театарот и напорно работи за подобро да разбере како може да придонесе.
Анџелима има вкупно шест деца, покрај Вивиен ги има ќерките Шајло и Захара и синовите Нокс, Медокс и Пакс.