Кога потта се меша со траги од дезодоранс или детергент за перење, може да се појават жолти дамки на облеката.
Добрата вест е што можете лесно да ги отстраните. За да се ослободите од жолтите дамки од вашата омилена облека ќе ви требаат неколку состојки:
- 250 мл бел оцет
- 500 мл топла вода
- 120 гр сода бикарбона
- една лажица сол
- една лажица водород пероксид (може да се купи во аптека)
Во пластичен леген измешајте го белиот оцет и топла вода, па натопете ја облеката во растворот 20 минути. Во друг сад измешајте ги содата бикарбона, солта и водород пероксидот додека не се формира смеса слична на паста.
Извадете ја облеката од оцетот и водата, исцедете ја внимателно и со крпа нанесете ја пастата на дамката, пероксидот ќе ја избледи, а солта и содата целосно ќе ја исчистат дамката. Оставете ја пастата 20 минути, а потоа исперете ја облеката во машина и оставете ја да се исуши.