Музичката ѕвезда Ријана на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира за насловната страница на магазинот „Интервју“ облечена како калуѓерка.
Пејачката позираше облечена како калуѓерка со црвен кармин и длабоко деколте, а глетката ги налути обожавателите. Во видеото што го објави од снимањето на насловната страница, Ријана дури и се допира по градите.
„Ова не е во ред“, „Ја сакам Ријана, но не ја разбирам опсесијата со сексуализирани религиозни приказни“, „Зарем ова не е богохулство?“, „Зошто не ја почитуваш религијата?“, „Што ти е во главата? Господ да ти прости“, „Девојко, јас сум атеист, но и за мене ова е премногу“, „Ти се потсмеваш на христијанството, како и обично. Дали би го исмејувала и исламот? Не. Тогаш зошто правиш пародија за христијаните?“, се само дел од коментарите на налутените обожаватели на пејачката.
А, КАКО ТОА ИЗГЛЕДА МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Инаку, Ријана во претходните интервјуа објасни дека е христијанка и дека односот со Бог ѝ помогнал да се справи со славата.
Меѓу другото, во интервјуто се осврнала и на својата врска со раперот АСАП Роки, со кого доби две деца.
– Само дозволив да се случи сè што требаше да се случи. Нашата врска беше како цвет – или ќе умре или ќе процвета. Дозволив да одлучи судбината – рекла пејачката.
Ријана се надева дека ќе продолжи да го проширува своето семејство со него и додала дека сака да има онолку деца колку што ќе одлучи Бог.