Пробајте к’на: Природна боја која не ја оштетува, но ѝ го враќа сјајот и ја храни косата

popara13 април, 20241min00

 

К’ната е билна боја за коса, која кога е во цврст облик дава црвенкасто-портокалови тонови. Освен што ја бојадисува косата, к’ната ја негува кожата на главата и создава заштитен слој кој спречува штетните супстанци да навлезат во влакното и ја чува од сушење. Индијките, кои се сметаат за жени со најубава коса, ја бојадисуваат и негуваат својата коса со к’на, но исто така таа им служи за украсување и цртање симболички цртежи на дланките и стапалата во специјални прилики.

 

 

 

К’ната (хена) е билка сомелена во прав со зелена боја, кој има карактеристичен мирис на сено. Црвениот пигмент е „скриен“ во хлорофилот и се ослободува тогаш кога ќе се подготви смесата за бојадисување.

 

Вистинската природна к’на, без додатни хемиски супстанци ја бојадисува косата во црвенкасто-портокалови тонови, чиј интензитет зависи од тоа каква е вашата природна боја на коса. К’ната продира во влакното, а пигментот се зајакнува со долготрајна употреба.

 

Може да се постигне потемна нијанса ако користите црн чај наместо врела вода, а доколку имате многу седи влакна, тие ќе се бојадисаат во интензивно портокалови нијанси и ќе се двојат од останатата коса, која доколку е потемна ќе добие боја на костен со црвеникав отсјај.

 

К’ната ѝ дава раскошен сјај и мекост, ја храни, негува и бои косата, а доколку сакате таа да не биде во црвни тонови, изберете помеѓу црна, кафеава или руса к’на, но треба да знаете дека тоа не е вистинска к’на. Таа е помешана со некои други состојки, кои можеби не се природни, иако тоа не го пишува на пакувањето.

 

Природни состојки кои ја менуваат бојата на к’ната се: шафран (за златен отсјај), карчак, вашма и индиго за црна коса со син отсјај, како и мешавина на амела, орев, ребарбаре, индиго и к’на и други билки кои не се штетни за косата.

 

Синтетичките пигменти кои се додаваат во к’ната се штетни, а доколку со пакувањето доаѓа некој вид хидроген, треба да знаете дека не станува збор за природна к’на. Единствен „хидроген“ за вистинската к’на е врелата вода, во која може да додадете црн чај, за потемна или чај од хибискус за интензивна црвена нијанса.

 

Еве кратко упатство за подготовка на к’ната:

  1. К’ната се нанесува на измиена, влажна коса.
  2. Разматете ја во мал сад, додавајќи врела вода, додека не направите паста која по својот изглед и густина потсетува на кал.
  3. Додека ја мешате к’ната (не смета ако се направат грутки) смесата ќе се излади, доволно за да не биде премногу жешка, а да остане доволно топла додека ја нанесувате.
  4. Обидете се да ја нанесете брзо, пред да се излади.
  5. Ставете ракавица и нанесувајте ја како да сакате со таа смеса да ја измиете косата – чешелот нема да ви биде од корист, па бојадисувањето спроведете го со помош на прстите.
  6. К’ната треба да ја држите ја најмалку 2 часа, односно додека смесата не се излади. Тоа време ќе го продолжите (што подолго стои, тоа подобро) доколку косата ја завиткате во весници (ќе ви бидат потребни од три до четири слоја), преку кои ќе ставите кеса, а потоа ќе ја заврзете во марама.
  7. Врз сето тоа можете да ставите и капа. На овој начин топлата смеса ќе се задржи на вашата коса и до 4 часа. После тоа мијте ја долго и темелно – шампонирање не е потребно.
  8. Штом еднаш ќе ја бојадисате вашата коса со к’на, нема лесно да можете ја промените бојата, доколку не сте задоволни. Потребно е некое време да се измие к’ната и да се изгуби ефектот на заштитен слој.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma