Двојката првпат беше фотографирана заедно во октомври, кога излегоа на вечера италијански ресторан во Беверли Хилс.
Софија Вергара ја официјализираше врската со докторот Џастин Салиман, откако во неколку наврати беа фотографирани заедно.
Таа му се заблагодари што се грижел за неа по операцијата на коленото. Имено, актерката сподели своја фотографија на Инстаграм стори со хумористична порака.
-Ако некогаш имате голема операција на коленото, погрижете се да имате згоден доктор кој ќе спие со вас таа вечер. Те сакам, напиша Вергара.
На фотографијата се гледа како нејзиниот партнер стои до нејзиниот кревет и се смешка.
Вергара сподели уште една фотографија на која лежи додека се опоравува од операција.
Актерката од „Гризелда“ минатата есен предизвика гласини за врска со Салиман, три месеци откако таа и поранешниот сопруг Џо Манганиело се разделија по седум години брак.
Двојката првпат беше фотографирана заедно во октомври, кога излегоа на вечера италијански ресторан во Беверли Хилс.
Салиман претходно беше 10 години во брак со актерката Бри Тарнер, со која има две деца. Тие се разведоа во 2018 година.