По Томи Ли, го глуми Доналд Трамп: Погледнете ја новата трансформација на Себастијан Стан

popara14 април, 20241min00
o_33040145_1280

На овогодинешниот филмски фестивал во Кан, меѓу другите, ќе биде прикажан и филмот „The Apprentice“ во режија на Али Абаси, кој го следи подемот на Доналд Трамп. Во пресрет на фестивалот кој се одржува од 14 до 25 мај, откриена е првата фотографија на која можеме да ја видиме трансформацијата на актерот Себастијан Стен во Трамп. Филмот ја следи кариерата на сега веќе поранешниот американски претседател кој го изгради своето богатство во светот на недвижностите во 70-тите и 80-тите години во Њујорк, а е снимен по сценарио на новинарот на Vanity Fair, Габриел Шерман. Младиот Трамп е прикажан со Рој Кон, адвокат кој му бил своевиден ментор, кој го игра Џереми Стронг, повеќенаградуван актер за улогата во серијата „Наследство“. Младата Ивана Трамп ја игра Марија Бакалова, бугарската актерка која заработи номинација за Оскар за улогата во „Борат 2“, додека таткото на Трамп, Фред Трамп постариот го игра Мартин Донован, најпознат по хит филмот „Тенет“.

image

И Себастијан Стен и Џереми Стронг претходно играле ликови од реалниот живот. Стен, исто така, доби номинација за Еми за неговата улога на тапанарот Томи Ли во серијата „Пем и Томи“, а исто така играше реални ликови во филмовите „Јас, Тоња“ и „Луд лов“. Стронг глумеше во филмовите „Седумте на Чикаго“, „Кладба на векот“ и „Селма“, кои се базирани на вистински приказни.

Од филмот се очекува многу, па некои сметаат дека тој би можел да биде еден од кандидатите за Оскар. „The Apprentice“ ќе биде премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, кој се одржува од 14 до 25 мај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag