60. Jim Carrey
Роден на 17 јануари 1962 година. Американски актер и комичар со канадско потекло. На 16 години бил исклучен од училиште иако бил одличен студент. Така што, патот за да се занимава со актерство му бил отворен. Отсекогаш сонувал да стане ѕвезда и на 18 години заминал во Холивуд, за да го оствари својот сон.
Во почетокот на осумдесеттите години или поточно во 1981 година го снимил својот прв долгометражен филм, “Запознајте ја Џенет”. Тогаш се здобил со статус – млад талент и го добил признание за успешно дебитирање. Во текот на ’80-те година, снимил неколку нискобуџетни проекти со цел да се пробие во холивудската елита.
Дел од филмовите во кои досега има глумено: “Маска“ (1994 година), “Ејс Вентура: Детектив за домашни миленичиња“ (1994 година), “Глуп и поглуп“ (1994 година), “Бетмен“ (1995 година), “Лажго“ (1997 година), “Шоуто на Труман“ (1998 година), “Човек на Месечината“ (1999 година), “Јас, јас и Ирена“ (2000 година), “Како Гринч го украде Божиќ“ (2000 година), “Семоќниот Брус“ (2003 година), “Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ (2004 година), “Број 23“ (2007 година).
59. Mick Jagger
Роден на 26 јули 1943 година. Британски музичар, основач и пејач во рок-групата “Rolling Stones“, но исто така, има глумено и продуцирано неколку филмови.
Почетоците на Rolling Stones биле во ’60-тите години. Почнувајќи од 1964 година, Jagger и гитаристот Keith RIchards склучиле партнерски договор за соработка односно за пишување на текстови, а веќе кон средината на ’60-тите години групата прерасна во голем рок бенд. Во доцните ’60-ти години Jagger започна да се појавува и во филмската индустрија (почнувајќи со “Перформанс“ и “Нед Кели“). Во ’80-тите Jagger го издаде својот прв соло албум. Тој беше прогласен за витез во 2003 година.
Дискографија: “She’s the Boss“ (1985 година), “Primitive Cool“ (1987 година), “Wandering Spirit“ (1993 година), “Goddess in the Doorway“ (2001 година), “The Very Best of Mick Jagger“ (2007 година).
58. Hillary Clinton
Родена на 26 октомври 1947 година. Американски адвокат и демократски политичар, сопругата на 42-от Претседател на САД, Bill Clinton во периодот од 1993 година до 2001 година, кога се здоби со репутацијата, највлијателна жена во светот. Независна политичка кариера започна во 2000 година на изборите за Сенатот, а во 2008 година беше номинирана од страна на партијата за Претседател на Соединетите Американски Држави. Сепак и покрај статусот на апсолутен фаворит, загуби од Barack Obama.Во 2009 година стана државен секретар на САД.
57. Eddie Murphy
Роден на 3 април 1961 година. Американски глумец и комичар, добитник на Златен Глобус, Греми награда, а беше номиниран и за Оскар. Исто така, започна и со музичка кариера, но без некој значителен успех. Ја започнал својата кариера во Младинскиот центар Рузвелт во Њујорк. На 19 годишна возраст станал изведувач во шоуто “Сабота навечер“ на NBC.
Подоцна Murphy глуми во голем број на комедии, вклучувајќи ги сите продолженија на филмот “Полицаец од Беверли Хилс“. Со добиениот хонорар од овој филм, се најде на листата на најплатени глумци во Холивуд. Доби Златен Глобус за најдобар глумец за неговата улога во филмовите: “Полицаец од Беверли Хилс“, “Берза“ и “Откачениот професор“, а во 2007 година за улогата во филмот “Девојка од соништата“.
Го позајми својот глас во сите продолженијата на цртаниот филм “Шрек“ и во “Мулан“, во продукција на Walt Disney.