Примерот на Мајра Карваљо, 35-годишна Бразилка која заврши зад решетки поради демнење на пејачот Хари Стајлс, потврдува дека понекогаш обожавателите навистина знаат да одат предалеку. Таа пред судот призна дека за помалку од еден месец му испратила 8.000 писма на музичарот на домашна адреса. Според The Sun, лудата обожавателка му праќала писма и свадбени честитки на поранешниот член на групата One Direction, па дури отпатувала и во Лондон за да биде поблиску до него. Нејзиното доаѓање сериозно го вознемирило поп пејачот.
Карваљо помина 14 недели во притвор, а откако се изјасни за виновна, ѝ беше одредена 10-годишна забрана и ѝ беше забрането да присуствува на какви било настани на кои настапува Хари Стајлс. Исто така, ѝ е забрането да контактира со Стајлс на кој било начин. Таа не смее да влезе во областа Северозападен Лондон и мора да плати дополнителна доплата на жртвата од 156,69 евра.
Популарниот пејач неодамна се врати од романтично патување со својата девојка актерка Тејлор Расел (29), а обвинителите открија дека по враќањето од одмор, се што се случувало со Карваљо предизвикувало чувство на расеаност и вознемиреност, што негативно влијаело на неговите вообичаени секојдневни активности.
Ова не е прва ваква ситуација на Хари. Релативно неодамна, во 2022 година, на мета беше на Дијана Таразага-Ореро (29). Таа насилно влегла во неговиот дом три години откако била осудена за следење, а тој потоа ангажирал ноќен чувар и поставил безбедносна брава на вратата од неговата спална соба.
Хари постигна огромна популарност во текот на неговата кариера, како во музичкиот свет, така и надвор од него. Светски се прослави како член на британскиот бој бенд One Direction, а по нивното распаѓање започна соло кариера која резултираше со голем успех. Неговите синглови и албуми ги освоија музичките топ листи ширум светот, а неговиот музички стил, како и начинот на облекување, често се во фокусот на медиумите. Неговото експериментирање со модата и неконвенционалните комбинации ги воодушевуваат и обожавателите и модните ентузијасти, а се истакна и како актер, особено со улогата во „Dunkirk“ на Кристофер Нолан. Ги плени обожавателите ширум светот, а ваквите непријатни и стресни ситуации со нив, за жал, се дел од ѕвездениот живот.
Темата „stalkers“ е секогаш актуелна, особено кога станува збор за познати личности. Неодамна на Нетфликс излезе нова серија „Baby Reindeer“ која се занимава токму со оваа тема. Приказната ги следи Дони Дан и Марта, жена која се појавила во барот каде што работел како келнер. Од симпатичен и пријателски странец, таа стана демнач кој го окупираше секој сегмент од неговиот живот. Комичарот Ричард Гад го создаде ликот на Дони Дан инспириран од настани од неговиот живот, па приказната станува уште пострашна и напната.