Позната Русинка денеска прошетала по улиците на Њујорк како да е на снимање на еден од најголемите филмски хитови на сите времиња.
Кога ќе ја погледнете нејзината кожна комбинација и очилата за сонце, јасно е како ден дека Ирина Шајк е инспирирана од филмот „Матрикс“, а нејзиното мало милениче кое го носеше на раце одлично се вклопи во целиот стајлинг.
Под црното кожено палто, Ирина носеше кожен плисиран фустан во бордо боја, а сето тоа го заокружи со кожени чизми со високи потпетици. Тесниот, донекаде футуристички модел на наочарите одлично се вклопуваше со залижаната коса.
Јасно е дека убавата манекенка не може да згреши и дека секој стил одлично и прилега.