Спиете преку ден? Под ризик сте за сериозни болести подоцна во животот

popara21 април, 20241min00
1713527078-pexels-ekaterina-bolovtsova-4050024-750x500

Неврологот предупреди дека дневниот сон е полесен и не ја исполнува хомеостатската функција на сонот, што може да доведе до бројни здравствени проблеми.

Водечки експерт за спиење предупреди дека дремењето во текот на денот може да го зголеми ризикот од деменција и други здравствени состојби, пренесува Mirror.

Неврологот Судхир Кумар изрази загриженост врз основа на истражување кое сугерира дека оние кои работат ноќни смени се изложени на поголем ризик да развијат невродегенеративни состојби.

„Дневниот сон е полесен бидејќи не е усогласен со деноноќниот часовник и затоа не ја исполнува хомеостатската функција на спиењето“, рече тој.

Тој додаде дека овој факт е поткрепен со бројни студии на работници во ноќна смена, кои како група се повеќе склони кон стрес, дебелина, когнитивни дефицити и зголемен ризик од невродегенеративни болести.

„Доброто спиење во текот на ноќта може да резултира со подобра когнитивна функција и да го намали ризикот од деменција и психијатриски нарушувања“, заклучил тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag