Ви треба:
20 или повеќе врвови од коприва
1 главица кромид
1 лажица маснотии
5 јајца
малку млеко
малку кајмак
Подготовка:
Избланширајте ги копривите во топла вода (не повеќе од 5 минути да се варат во водата). Во тава на маснотии пропржете го ситно сечканиот кромид, па додадете ги исецканите коприви. Сè динстајте не повеќе од 5 минути, па прелијте ги со изматените јајца во кои сте додале малку млеко и малку крем. Зачинете сè со сол и послужете.