– Пробајте го рецептот за смути од боровинки против стареење. Оваа комбинација на состојки има одлично влијание на телото и на тој начин помага да се олесни работата на дигестивниот тракт, да се зголеми енергијата и да се забрза метаболизмот – вели Татјана Поповиќ, здравствен тренер и нутриционист.
Состојки:
1 јаболко
2/3 шолја боровинки
1/4 лажичка куркума
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка сурово органско какао
1 лажичка кокосово масло
1/4 лажичка спирулина
1 шолја беби спанаќ
1 лажица лимон
2 dl вода
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и послужете.
Зошто треба да јадете боровинки?
Тие се ниски во калории и многу здрави – потенцијално го регулираат нивото на шеќер во крвта и помагаат за здравјето на срцето и мозокот. Тие се состојат претежно од вода, богати се со јаглени хидрати и растителни влакна и содржат мали количини на масти и протеини. Имаат низок гликемиски индекс, па се сметаат за дозволено овошје за лицата со дијабетес.
– Боровинки кои често се нарекуваат супер храна се одличен извор на неколку витамини, корисни растителни соединенија и антиоксиданси. Имаат кисело-сладок вкус. Може да се јадат свежи или замрзнати. Тие се одлична состојка во смути, сокови, бројни десерти и салати. Во пролет и лето можете да ги јадете свежи, додека во зима можете да изберете замрзнати.