КАКО СЕКОГАШ УБАВО ДА ВИ МИРИСА БАЊАТА? Со евтин трик со лимон, свежината ќе трае со недели

popara26 април, 20241min00
Лимон за свеж мирис во тоалет

Погледнете како да внесете свежина во бањата на евтин и брз начин. Ќе бидете воодушевени од мирисот кој ќе трае до 7 дена.Ако сакате вашата бања секогаш да мириса на свежо, а не сакате да вдишувате испарувања од хемиски производи, овој трик е одлично решение!

За тоа не се потребни пари, а се што ви треба е зелен лимон и хируршка маска. Лимонот е веќе многу позната состојка за чистење, особено кога е во прашање бањата и кога сакате да полирате плочки или стаклени површини. Сепак, неговата примена не завршува тука, може да ви помогне да го освежите воздухот во просторијата и да внесете свежина во тоалетот.

За овој трик, прво треба да го исечете едниот крај на маската, за да можете да ги разделите нејзините два слоја. Исецкајте го ситно зелениот лимонот и ставете го во маската, како што е прикажано на видеото подолу. Заврзете го исечениот крај, за да не испадне лимонот, а потоа ставете го овој природен освежувач во казанчето од веце шољата.

Закачете го на цевката или на друг начин прицврстете го во каанчето. Бидете внимателни кога го отстранувате и заменувате капакот за да избегнете кршење. Лимонот ќе испушта мирис и секогаш кога ќе ја пуштите водата ќе ја почувствувате свежината во бањата.

Погледнете како да направите природен освежувач и да направите вашата бања секогаш да мириса добро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag