Подобрата елиминација на отпадните материи и токсините од дебелото црево може да го подобри целокупното здравје, бидејќи овие штетни токсини често придонесуваат за замор, зголемување на телесната тежина, главоболки и други заболувања.
Чистењето на дебелото црево ќе помогне за подобро варење, бидејќи процесот на чистење го отстранува несварениот отпад од цревата и помага за подобра апсорпција на хранливите материи. Исто така, чистењето на дебелото црево помага при редовно празнење и спречување на запек. Детоксикацијата на дебелото црево може да придонесе за подобра циркулација на крвта и зголемена енергија. А исто така ќе ви помогне да спиете помирно.
Кога дебелото црево се чисти, токсините и бактериите се отстрануваат, а хранливите материи и витамини од храната што ја консумираме може полесно да се апсорбираат од телото. Ова придонесува за подобрување на општото здравје, како и зајакнување на имунолошкиот систем. Постојат различни природни и неинвазивни методи за чистење на дебелото црево. Еве еден едноставен и здрав напиток кој помага да се исчисти дебелото црево на природен и здрав начин.
Напиток за чистење на дебелото црево
Ви треба:
– неизлупено (органско) јаболко, една лажичка квалитетен мед, една лажица чиа семе, една лажица мелен лен, една шолја вода.
Сите состојки освен чиа семето ставете ги во блендер и убаво измешајте. Истурете ја течноста во голема чаша, а потоа додадете го чиа семето и добро измешајте да се соедини. Пијте веднаш.
Овој напиток содржи многу растителни влакна и други корисни материи, па доколку го пиете редовно, ќе придонесе за здравјето на дебелото црево и на целото тело.
За да го помогнете процесот на чистење, во исхраната можете да вклучите и некои намирници кои придонесуваат за детоксикација и чистење на органите за варење, како што се: лимон, спанаќ, цели зрна, мешунки, авокадо, ферментирана храна (кимчи, кисела зелка), лук и зелен чај.