Тиквичките благотворно делуваат на целокупното здравје на нашиот организам и треба да се користат додека се млади и најздраво да се внесат во нашиот организам, а од кујната на нашата баба доаѓа предлог за оброк кој е вкусен и здрав.
Состојки:
2 средни млади тиквички
3 јајца
100 гр сусам
2 лажици кисела павлака
100 гр брашно
1 лажичка слатка пиперка
4 чешниња лук
сол, масло
Подготовка:
Тиквичките излупете ги и исечете ги на подебели парчиња и посолете ги. Оставете го да отстои во сол 15 минути, па исцедете го. Издробете го лукот, посолете и прелијте со две лажици вода и оставете да отстои 15 минути. Врз фолија истурете брашно и пиперка, па измешајте.
Презлата и сусамот измешајте ги и истурете ги на фолијата до брашното. Во сад се матат јајцата, малку масло и павлаката за да се добие густа маса.
Исцедете ги тиквичките, додадете го исцедениот лук и измазнете со раце. Секое парче тиквичка премачкајте го по следниот редослед: брашно, јајца, презла и сусам и наредете ги во подмачкан плех или обложен со хартија за печење.
Се пече на 220 степени 30 минути додека убаво не порумени. Послужете топло како прилог или како независно јадење.