Чистењето на скарата е макотрпна работа, особено ако не сте ја исчистиле од минатата година, па маснотијата е насобрана. Нема потреба да користите хемиски средства, применете необичен трик со пиво. Киселоста на пивото помага да се разбие маснотиите и остатоците од храна од скарата.
На загреана скара прелијте пиво и почекајте остатоците од маснотиите и храната да се тргнат од скарата. Тргнете ја, земете метална жица или четка за чистење и исчистете ја решетката и остатокот од скарата. Исплакнете ја со малку топла вода за да ги отстраните преостанатите нечистотии и пиво.