Погубни за витката линија: Овие три грицки сите ги сакаме, но најдобро е да ги заобиколиме

popara1 мај, 20241min00
80580_shutterstock-160203056_f

Кога се подготвуваме за лето, го преиспитуваме изборот на храна. Одржувањето урамнотежена исхрана е клучен дел од водење здрав начин на живот, особено ако се обидуваме да изгубиме тежина. Важно е да се ограничи внесувањето на одредени преработени намирници, вклучително и многу популарни закуски.

Диететичарот и нутриционист, Лиза Ендрјус и експертот за слабеење, Џоана Вен, ги открија трите најлоши закуски кои предизвикуваат зголемување на телесната тежина и доведуваат до маснотии на стомакот.

Чипс

Оваа опција е лоша за здравјето кога се консумира во прекумерни количини. Џоана Вен предупредува дека оваа закуска е колку што е нездрава, толку и вкусна. „Чипсовите се пржат во нездрави масла, што ги прави многу калорични“, изјави таа за SheFinds.

Оваа закуска може да ја наполни нашата исхрана со калории, но не нуди никаква хранлива вредност. Значи, без добра количина на растителни влакна, поверојатно е да јадеме повеќе храна за дебелеење подоцна во текот на денот, што ќе го забави нашиот напредок во слабеењето.

Бисквит

Џоана предупредува дека бисквитите се еден од најлошите виновници кога станува збор за вишокот килограми. Бисквитите и разните колачиња често се полни со шеќер и бело брашно, што може да предизвика скокови на шеќерот во крвта и да доведе до маснотии на стомакот“. Исто како и чипсот, ова слатко задоволство има многу малку влакна.

Веројатно нема да не задоволат до вечера. Многу е веројатно дека или ќе најдеме друга нездрава закуска за грицкање или ќе се прејадеме за вечера, што и двете можат да бидат штетни за целите за слабеење.

čoko mafini

Мафини

Мафините можат да придонесат за таложење на сало на стомакот. Многу комерцијално достапни мафини, особено оние што се наоѓаат во продавниците за храна и кафулињата, се полни со рафинирани шеќери, нездрави масти и прекумерни калории.

„Без разлика дали се од пекара или самопослуга, традиционалните мафини се богати со калории и маснотии кои со текот на времето би можеле да доведат до маснотии на стомакот. Некои од нив содржат дури и повеќе од 350 калории“, предупредува Ендрјус.

Иако е секогаш во ред да се почестите одвреме-навреме, не треба да претерувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag