Ако заборавите што сте сонувале, со помош на овие три методи, шансите да се сетите на вашите соништа се многу поголеми.
Ако се разбудите при крајот на РЕМ фазата, најверојатно ќе се сетите на вашите соништа. Тоа можете да го постигнете со неколку пати повторување пред спиење дека ќе ги запомните наутро, што мозокот ќе го разбере како задача.
Д-р Дедра Ли Барет, професор по психологија на Харвард и автор на книга за квалитетен сон и сонување, вели дека луѓето кои се склони кон аналитички поглед на светот и размислување имаат поголема веројатност да се сеќаваат на своите соништа, за разлика од оние кои се фокусирани на суштината.
Таа вели дека соништата се јавуваат кога ќе влеземе во фазата на РЕМ спиење, при што се забавуваат отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето.
„Ако се разбудите на крајот од РЕМ фазата, кога телото само се подготвува за другите фази на спиење, обично се сеќавате на вашите соништа. Можете да стигнете таму со вежбање“, вели таа, додека нејзиниот колега од Харвард, д-р Роберт Стиголд вели дека 80 отсто од луѓето кои претходно не можеле да се сетат на своите соништа, успеваат по вежбањето. Тие двајца препорачуваат три работи:
Испијте три полни чаши вода
Половина час до еден час пред спиење, испијте три полни чаши вода. Поради ова, ќе се будите почесто, што би можело да ви помогне да се потсетите на вашите соништа. Освен тоа, пред спиење исклучете го телевизорот и препуштете се на читање книга која ќе ве опушти или слушајќи смирувачка музика.
Задача на мозокот
Пред да заспиете, обидете се да повторите три пати: „Кога ќе се разбудам, ќе се сетам на моите соништа“. Така, мозокот ќе го препознае тоа како обврска и еден од приоритетите, што ги зголемува шансите да се сетите на вашите соништа.
Дополнително, чувајте пенкало и хартија покрај креветот за да можете ако се разбудите во текот на ноќта да ги запишете деталите од сонот што се сеќавате. Затоа што, како што минува времето, ние тежнееме да ги заборавиме. И читањето на белешките може да ви помогне да ги запомните.
Разбудете се полека
Најлошото нешто што можете да го направите е да се разбудите и веднаш да му се обратите на партнерот или да повикате пријател да му кажете за сонот. Така ќе се концентрирате на прераскажувањето, а не на она што сте го „виделе“ во сонот – слики, звуци, симболи. Наместо тоа, останете полунаспани и „поминете“ преку тие слики уште еднаш. Репродукцијата на слики од сонот ќе ви помогне да запомните што повеќе детали.