Потребно е:
1 пакување кори за пита
300-400 гр печурки
1 шолја ориз
2 праз
1 шолја масло
1 шолја кисела вода
1 прашок за пециво
сол
бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте го празот и пропржете го. Шампињоните исечкајте ги на ленти и додајте ги во тавата, пропржете и додадете шолја сварен ориз. Сол, бибер и зачинете по вкус. Потоа измешајте го маслото со чаша кисела вода и ќесичка прашок за пециво. Секоја кора посипете ја со прелив од масло и кисела вода, а на секоја трета кора премачкајте го филот. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Наредете во плех обложен со хартија за печење и исечете ја питата. Се пече на 180 степени додека не порумени. Додадете прилог по желба и послужете. Пријатно!