Пејачката Никол Шерцингер со години ја нарекуваат најубавата жена на светот, а со својата совршена фигура и затегнато тело не престанува да докажува дека ја заслужува оваа титула.
View this post on Instagram
Секојдневната посветеност на напорните тренинзи и здравите животни навики ја доведоа Никол до завидна форма и фигура каква што би посакале и дваесетгодишни жени, а ќе напоменеме дека е во петтата деценија.
Оваа убавица родена во Хаваи има 45 години и редовно ги мотивира луѓето и привлекува внимание на социјалните мрежи со својот беспрекорен физички изглед и совршениот тен, а со видеото кое неодамна го објави на Инстаграм покажа што се може да прави во теретана.