Танга – опасна или не?

popara12 август, 20111min00
tanga

Секако дека нема жена која во својот плакар за долна облека нема барем една танга. Најмногу ги сакаме во лето бидејќи со нив се чувствувааме секси. Но прашањето е: Дали тангите се секси, но штетни за здравјето?

Познат американски гинеколог неодамна ја објави својата студија за штетноста на танга гаќичките, врз основа на повеќегодишно истражување. Според нејзините податоци, девојките кои носеле танга во текот на денот имале повеќе здравствени проблеми од жените кои не ги носеле.

Иако се мали и секси, овој тип на долна облека има големо влијание врз појавувањето на вагинални и уринарни инфекции. Причината за тоа е што во повеќето случаи тангите се направени од синтетика, и во контакт со топлина и влага представуваат совршено место за размножување на бактериите.

Еве што им советува Лиза на девојките кои не можат да им одолеат на фамозната танга:
– Никогаш не облекувајте танга кога е топло или влажно.
– Купувајте танга од природни материјали како памук и свила
– Носете големина на танга која ви одговара. Тангите со помал број од вашиот се поопасни.
– Избегнувајте да носите танга цел ден.
– Не купувајте костим за капење со танга гаќички

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma