Поленот не е единствениот виновник: Докторка наведе неочекувани причини заради кои постојано кивате

popara6 мај, 20241min00
82713_zena-kijavica-alergija-shutterstock-2145488381_f

Луѓето кои страдаат од алергии, постојано се борат со симптомите, како што е кивањето, особено во пролет, но докторот открил дека во домот демнат и други причини за кивање. Д-р Сара Кајат вели дека куќата може да биде и причина за алергиски ринитис, односно воспаление на носните шуплини, предизвикано од нешто на кое сте алергични. Симптомите се кивање, чешање на носот и затнато дишење.

Кај речиси половина од луѓето причината е дома

Резултатите од истражувањето во кое учествувале 2.000 возрасни лица, откриле дека куќата (42 отсто), градината (28 отсто) и креветот (23 отсто) се најчестите места кои предизвикуваат напад на кивање, пишува „The Sun“. Интересно е тоа што 84 проценти од луѓето всушност мислат дека нивните напади на кивање немаат причина, додека 19 проценти имале епизода на кивање во канцеларија или на работното место. Дополнително на ова, 35 проценти од алергичните лица велат дека им е тешко да дишат поради симптомите.

Најчестите причини за кивање во затворен простор:

1. свежо цвеќе
2. парфеми
3. освежувачи на воздух
4. производи за чистење
5. зачини
6. миленичиња
7. домашни растенија
8. миризливи свеќи
9. стари книги и весници
10. миризливи стапчиња

žena

Што можете да направите за да го спречите?

Постојат работи што можете да ги направите за да спречите алергиски ринитис во домот, како што се бришење прашина со влажна крпа, редовно бањање на домашните миленици и нивната постелнина, користење хипоалергична постелнина и одржување на домот сув и добро проветрен. Ако веќе имате симптоми и барате алтернатива за лекови, користењето на природен спреј за нос може да биде ефикасно и добра опција и за оние кои страдаат од поленска треска. Друг корисен метод е носење заштитни очила за сонце за да се спречи поленот да влезе во очите, вели докторката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag