Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај, облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.
Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.
Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.
Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.
Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.
Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката.